Return to Homepage



ЗАКОН ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ

1996

..................

Член 7

Јавните телекомуникациии во внатрешниот и меѓународниот телекомуникациски сообраќај се достапни на секој корисннк, под еднакви услови.

..................

Член 9

Забранет е пренос и препавање на пораки со кои се повикува на насилно уривање на уставниот поредок иа Република Македонија и се поттикнува или повикува на воена агресија или се разгорува национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

..................

Член 89

Со парична казна од 5 до 10 плати ќе се казни за прекршок претпријатието или друго правно лице ако:

..................

(2) пренесува или предава пораки со кои се повикува на насилно уривање на уставниот поредок, се поттикнува или се повикува на воена агресија или се разгорува национална, расна или верска омраза или нетрпеливост (член 9);

..................




Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БР. 1/96


RETURN