Return to Homepage



ЗАКОН ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

1995

..................

Член 3

(1) Секој, под еднакви услови утврдени со овој закон, има право на средно образование.

(2) Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожата, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотната и општествената положба.

Член 4

(1) Воспитно - образовната дејност во средното училиште се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

(2) За припадниците на националностите воспитно - образовната дејност во јавните училишта се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин и под услови утврдени со овој закон.

(3) Учениците од став 2 на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик.

(4) Во јавните средни училишта наставата може да се изведува и на еден од светските јазици.

Член 5

(1) Странските државјани и лица без државјанство можат да се здобијат со средно образование, на начин и под услови утврдени со закон.

..................

Член 7

(1) Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување.

(2) Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование.

..................

Член 59

..................

(10) Наставниците и воспитувачите од ставовите 2, 3, 4, 5, 6 и 9 на овој член треба да се државјани на Република Македонија и да го владеат литературниот јазик и писмото на кој ја изведуваат наставата и да не се осудувани за кривични дела кои ги прават недостојни за вршење на воспитно-образовната дејност.

..................

4) Училиштето е должно да организира проверка на наставникот за владеење на јазикот од став 10 на овој член. Проверката ја врши комисија.

..................

Член 73

(1) Педагошката евиденција и документација во средните училшта се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо.

(2) За учениците кои наставата ја следат на јазиците на националностите, педагошката документација се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо и на јазикот и писмото на националностите, а педагошката евиденција се води на јазикот и писмото на националностите.

..................




Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА БР. 44/95


RETURN