ЗАКОН ЗА ОСНОВНОTО ОБРАЗОВАНИЕ
1995
..................
Член 8
(2) За припадниците на националностите воспитно-образовната работа се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин утврден со овој закон.
..................
Член 13
(1) Во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување.
(2) Во основното училиште не се дозволува организирање на верско образование.
..................
Член 67
(1) Учител, наставник, стручен работник и воспитувач, може да биде лице кое покрај условите утврдени со член 66 од овој закон е:
- државјанин на Република Македонија;
- физички и психички здрав;
- го познава македонскиот јазик и кирилското писмо и
- неосудуван со правосилна судска пресуда за кривични дела против достоинството и моралот.
(2) Лицата од став 1 на овој член во паралелките во кои наставата се изведува на јазиците на националностите освен наставниците по предметот македонски јазик, треба да го познаваат и јазикот и писмото на кој се изведува наставата.
(3) По исклучок, доколку во наставата за припадниците на националностите не може да се обезбеди наставник по предметна настава кој го познава јазикот на соодветната националност, настава на определено време може да изведува наставник кој не го познава јазикот на соодветната националност.
(4) Основното училиште е должно да организира проверка на познавање на јазикот на наставниците од ставовите 1 и 2 на овој член.
..................
Член 81
(1) Педагошката евиденција и документација се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо.
(2) За учениците кои наставата ја следат иа јазиците на националностите, педагошката документација се води и издава на македонски јазик со употреба на кириличното писмо и на јазикот и писмото на националностите, а педагошката евиденција на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.
..................
Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БР 44/95