ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
1995
..................
Член 25
..................
(3) Во советот на единицата на локалната самоуправа во која во мнозинство или во значителен број живеат припадници на националностите се образува комисија за меѓунационални односи во која има претставници од секоја националност која е застапена во единицата на локалната самоуправа.
..................
Член 88
(1) Во единиците на локалната самоуправа во кои граѓаните припадници на националноста се над 50% од вкупниот број жители утврдени на последниот извршен попис на населението, се сметаат како единици на локалната самоуправа во кои во мнозинство живеат припадници на националностите.
(2) Во единиците на локалната самоуправа во кои граѓаните припадници на националноста се над 20% од вкупниот број жители утврден на последниот извршен попис на населението, се сметаат како единици на локалната самоуправа во кои во значителен број живеат припадници на националностите.
Член 89
(1) На седниците на советот и другите органи на единиците на локалната самоуправа во кои во мнозинство или во значителен број живеат граѓани припадници на националиоста, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во службена употреба е и јазикот и писмото на националноста која е во мнозинство или во значителен број.
(2) Статутот, одлуките и другите општи акти што ги донесуваат органите од став 1 на овој член се пишуваат и објавуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот и писмото на националноста која е во мнозинство или во значителеи број.
(3) Во јавните служби, јавните установи и јавните претпријатија што ги основала единицата на локалната самоуправа во која во мнозинство живеат граѓаните припадници на националноста во службена употреба покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото на националноста која е во мнозинство.
Член 90
(1) Во единиците на локалната самоуправа во кои во мнозинство живеат припадници на националноста, имињата на населените места, натписите на јавните служби и установи, натписи на претпријатијата и другите јавни претпријатија, што ги основала единицата на локалната самоуправа се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на националноста која е во мнозинство.
(2) Во единиците на локалната самоуправа во кои во значителен број живеат граѓани, припадници на националноста, имињата на населените места, насловите на јавните служби и установи, натписите на претпријатијата и другите јавни натписи, се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на националноста која е во значителен број, ако така одлучи советот на единицата на локалната самоуправа.
(3) Натписите на културните и образовните установи кои единствено служат за развивање и унапредување на културните и образовните цели на националностите, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо се пишуваат и на јазикот и писмото на националноста, независно од бројот на граганите припадници на националноста кои живеат во единицата на локалната самоуправа.
..................
Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БР. 52/95