Return to Homepage



ЗАКОН ЗА УПОТРЕБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

1998

Член 1

(1) Со овој закон се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик во Република Македонија (во натамошниот текст: Република).

(2) Македонски јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо.

Член 2

(2) Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е право и должност на граѓаните на Републиката.

Член 3

Со овој закон не се ограничува правото на слободно творештво и развива-њето на културниот, јазичниот и верскиот идентитет на граѓаните на Републиката.

Член 4

Со овој закон не се ограничува правото на припадниcите на наcионалностите на службена употреба на јазикот и писмото на наcионалностите во единиcите на локалната самоуправа, согласно со Уставот на Република Македонија и закон.

Член 5

(1) Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, во органите на единиcите на локалната самоуправа и градот Скопје, се употребува и во:

......................

(2) Исклучоcи од став 1 на овој член се утврдуваат со закон.

......................

Член 7

(1) Службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локал-ната самоуправа, учебниcите, емисиите, печатот, преводите и другите текстови од член 5 став 1 на овој закон, што се објавуваат, задолжително се лекторираат на македонски јазик.

......................




Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БР. 5/98


RETURN