ЗАКОН ЗА СУДОВИТЕ
1995
..................
Член 7
(1) Секоj има право на еднаков пристап пред судовите во заштитата на неговите права И правно заснованите интереси.
(2) Секоj има право на законито, непристрасно, чесно И во разумен рок судење.
(3) Никому не може да му биде ограничен пристапот пред судовите поради недостиг на материjални средства.
..................
Член 40
(1) При изборот на судиите и судиите поротници не смее да има дискриминациjа во однос на полот, расата боjата на кожата, националното и социjалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
(2) При изборот на судиите и судиите поротници без да се нарушат критериумите пропишани со закон ќе се настоjува да се обезбеди соодветна застапеност на националностите во Републиката
..................
Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА, БР. 36/95 И 45/95