ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
1998
..................
Член 6
(1) Парничната постапка се води на македонски jазик и неговото кирилско писмо.
(2) Припадник на националност граѓанин на Република Македониjа коj како страна или друг учесник во постапката не го разбира или не го зборува македон-скиот jазик и неговото кирилско писмо има право на толкувач. Трошоците за толкувачот паѓаат на товар на Република Македониjа.
(3) Судот е должен да jа поучи странката, односно другиот учесник во постапката од ставот 2 на овоj член, за правото предвидено со истиот став. Претседателот на советот или судиjата поединец е должен во записникот да jа внесе поуката на судот и изjавата на странката, односно на другиот учесник во постапката.
..................
Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА БР. 33/98